Криптовалути „Stellar“ … модерен пристап кон криптовалутите

Светот на криптовалутите постојано се развива, што предизвикува дека редовно се појавуваат сè повеќе крипто-монети. Повеќето од нив се базираат на класични решенија и стара технологија, како последица на што инвеститорите не им прогнозираат поголеми успеси. Меѓутоа, функционираат неколку криптовалути, коишто може да ги зачудат корисниците и инвеститорите. Едно од таквите решенија е „Stellar“.

Модерна платформа

„Stellar“, со ознака „XLM“, е комплексна платформа базирана на јавна и надградена верзија на блокчејн мрежа. Платформата има за цел поврзување на производите и услугите достапни низ велиот свет, без потреба од користење на посредник во облик на банка или финансиска институција, што означува гарантирање на целосна независност за време на извршување на купувања, трансфери, плаќања и покривање надоместоци. Оваа идеја беше брзо прифатена особено помеѓу меѓународните претпријатија, корпорациите, бизнисмените и финансистите од целиот свет, коишто барале начин за извршување на брзи и речиси бесплатни трансфери.

Суштински елемент на платформата е „Stellar Lumens“, односно криптовалута што се користи за извршување на плаќања. Оваа монета има инфлациски карактер, што означува дека е лишена од какви било ограничувања на максималната понуда, благодарение на што станала една од најкомплексните системи на криптовалути што се достапни на пазарот.

Модерна технологија и големи можности

„Stellar“ е комбинација на платформа со отворен код што се базира на подобрена верзија на блокчејн мрежа и на иновативна криптовалута „Stellar Lumens“. Комбинацијата на овие два елементи овозможува емисија на токени, базирање на сопствен систем, а пред сè, усовршување на инстантни, брзи и речиси бесплатни трансфери во максимални количини. Но, тоа не е сè.

„Stellar“, како комбинација на платформа и криптовалута, дава можност за извршување на трансакции и за градење на пазари базирани врз сите видови на финансиски инструменти, како и за извршување на емисија на каква било актива. Тоа означува дека платформата става на располагање размена на какви било е-монети, како и валути, хартии од вредност и суровини – благодарение на што станала глобална инвестициска платформа, којашто можат да ја користат речиси сите инвеститори ширум светот.

Тоа е можно благодарение на редовната работа за развој на системот „Stellar“, којшто ги исполнил очекувањата на инвеститорите и корисниците, истовремено станувајќи револуционерна посредничка платформа. Огромна улога во успехот одигрува, исто така, и криптовалутата „Stellar Lumens“, којашто нема никаква ограничена максимална понуда, благодарение на што се користи за време на покривањето на провизиите за трансакциите во мрежата. Можностите на платформата и ефикасноста на криптовалутата, предизвикале дека „Stellar“ станал една од најперспективните е-монети. Тоа го докажува и со редовниот развој на крипто-берзата.

„Stellar“ на крипто-берзата – дали ќе го освои пазарот?

„XLM“ е достапен на крипто-берзата од 2014 година. Почетната цена на оваа криптовалута изнесувала 0,0012 USD за една единица. Големата заинтересираност за оваа криптовалута, предизвикала дека за помалку од една година „XLM“ ја зголемил својата вредност речиси десеткратно, достигнувајќи цена од 0,01 USD за една единица. Оттогаш, „Stellar“ одржувал релативно стабилна вредност, зајакнувајќи ја притоа својата позиција на пазарот на криптовалути.

Првите чекори нагоре беа забележани во септември 2017 година, кога цената за една единица надминала 0,01 USD, а на почетокот на 2018 година достигнала дури и 1 USD за една единица. За жал, за време на крипто-зимата во втората половина на 2018 година, цената на „Stellar“ паднала, слично како и на многу други криптовалути. Вредноста се стабилизирала дури на почетокот на 2019 година и осцилирала околу 0,04 – 0,16 USD за една единица. Веднаш по завршувањето на крипто-зимата, „Stellar“ започнал да се обновува и да ја зголемува својата вредност.

На почетокот на 2020 година, „XLM“ повторно започнал да ужива заинтересираност меѓу инвеститорите, што најпрво влијаело за креирање на стабилна позиција, а потоа и врз редовно зголемување на неговата вредност. Тоа беше видливо особено во втората половина на 2020 година. Но, вистински успех настапил на почетокот на 2021, кога „XLM“ постигнал неколку ненадејни скокови на цената, а секое опаѓање давало само можност за зајакнување на позицијата и враќање на повисока вредност.

Моментално, „Stellar“ е една од дваесетте најсилни криптовалути што се достапни на пазарот. Го нарекуваат „шлаг на тортата“ и криптовалута, во којашто треба да се инвестира во 2021 година. Користејќи го нејзиниот бавен, но редовен растечки тренд, инвеститорите имаат шанса за стекнување на силна и перспективна криптовалута, којашто во најблиска иднина може да достигне вртоглава вредност.

Related Posts